Home / Вести / Почина девојчето од сообраќајката со моторциклистот

Почина девојчето од сообраќајката со моторциклистот

       

        Денеска на Клиничката болница во Битола почина малолетното девојче од  сообраќајката која се случи на 14. јуни   вечерта на ул. Ружа Делчева  во Битола

По дваесетина дена борба на битолските лекари  во Клиничката болница во Битола, за спас на малолетното девојче, кое имаше само 15 години,  тоа денеска им подлегна на повредите.

Инаку да потсетиме до сообраќајната несреќа дојде на 14 јуни вечерта околу 22 часот на мошне прометната улица “ Ружа Делчева “ кога малолетен моторциклист со  мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.

 Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната  сопатничка на мопедот, која не носела кацига, додека пешакот  поминал со полесни  телесни повреди.

        Веста за смртта на девојчето ја потресе Битола   која  20 дена очекуваше малолетнто девојче да се опорави.

        Но се покажа дека падопт од мопедот бил смртоносен, најповеќе поради тоа што девојчето не носела кацига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*