Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола денеска со низа свечености и бројни манифестации го одбележа својот патрон празник и 35 годишен јубилеј.
На академскиот час што ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев меѓу другото нагласи дека во изминатите 35 години овој Универзитет, кој е втор државен универзитет во Република Македонија имаше континуиран развој.
Денес, тој има вкупно 160 студиски програми, вклучувајќи и студиски програми кои ги реализираме со универзитетот од Болоња, Ница и Барселона, истакна ректорот проф. д-р Златко Жоглев, кој притоа ја нагласи особено поддршката на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј “ во формирањето и развојот на битолскиот универзитет.
Заменик- министерот за образование и наука Спиро Ристoвски честитајќи им го јубилејот и патрониот празник на студентите и вработените во битолскиот универзитет меѓу другото нагласи дека Владата на Република Македонија од секогаш му давала силна поддршка во развојот на Универзитетот, а тоа ќе го чини и во наредниот период, се со цел Универзитетот “Св. Климент Охридски” да го зачува приматот како еден од најинтересните и најбараните универзитети во државата.
Инаку свеченостите по повод 35 годишнината од формирањето на Универзитетот “ Св. Климет Охридски “ “Битола продолжуваат и вечерва ,кога во Народниот театар во Битола ќе се одржи свечена академија, на која најавено е и присуството и на претседателот на државата, проф. д-р Ѓорге Иванов.
Автор: Б.В.