Редакцијата на „Нова Македонија“ одбележа 73 години од печатењето на првиот број на весникот, кој излезе на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци.
По тој повод, сегашни и поранешни новинари, соработници и пријатели на весникот, денеска, традиционално го посетија Горно Врановци, каде што на пригоден начин, со посета на куќата-музеј се потсетија на овој важен датум за „Нова Македонија“, како и за македонското новинарство и за историјата на земјава.
На средбата во Горно Врановци покрај еден од првите директори на Нова Македонија, Панде Колемишовски присуствуваа и доста почитувачи на овој прв дневен весник, а со свои куси обраќања до новинарите с еобратија сегашниот директор на Нова Македонија, Ратко Лазаревски, потоа помошникот на гланиот уредник, Марјан Велевски, екс генералниот директор на Весникот, Панде Колемишевски, поранешниот јавен обвинтел во Република Македонија Ставре Џиков, а на присутните им се обрати и дописникот од Битола, Менде Младеновски, кој веке 5 години е постојано платен дописник на Нова Македонија од Битола.
-Јас сум денеска најсрекниот новинар во државата,зашто работам за двата најстари и најценети весници во Република Макеоднија, Битолски весник, кој е единстевн весник во државата кој опстојува цели 54 години, а каде сум професионално вработен околу околу 4 децении и Нова Македонија, прот дневен весник во Република Македонија, која слави 73 години.
Тоа е голема привилегија за мене, како новинар но исто така и голема обврска зошто да се пишува за овие весници кои ја испишуваат историјата на Македонија и Битола е без сомнение привилегија каква што имааат малкумина новинари, истакна Менде Младеновски пред присутните.