Home / Uncategorized / 73 години на Нова Македонија

73 години на Нова Македонија

Редакцијата на „Нова Македонија“ одбележа 73 години од печатењето на првиот број на весникот, кој излезе на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци.

По тој повод, сегашни и поранешни новинари, соработници и пријатели на весникот, денеска, традиционално го посетија Горно Врановци, каде што на пригоден начин, со посета на куќата-музеј се потсетија на овој важен датум за „Нова Македонија“, како и за македонското новинарство и за историјата на земјава.

На средбата во Горно Врановци покрај еден од првите директори на Нова Македонија, Панде Колемишовски присуствуваа и доста почитувачи на овој прв дневен весник, а со свои куси обраќања до новинарите с еобратија сегашниот директор на Нова Македонија, Ратко Лазаревски, потоа помошникот на гланиот уредник, Марјан Велевски, екс генералниот директор на Весникот, Панде Колемишевски, поранешниот јавен обвинтел во Република Македонија Ставре Џиков, а на присутните им се обрати и дописникот од Битола, Менде Младеновски, кој веке 5 години е постојано платен дописник на Нова Македонија од Битола.

-Јас сум денеска најсрекниот новинар во државата,зашто работам за двата најстари и најценети весници во Република Макеоднија, Битолски весник, кој  е единстевн весник во државата кој опстојува цели 54 години, а каде сум професионално вработен околу околу 4 децении и Нова Македонија, прот дневен весник во Република Македонија, која слави 73 години.

Тоа е голема привилегија за мене, како новинар но исто така и голема обврска зошто да се пишува за овие весници кои ја испишуваат историјата на Македонија и Битола  е без сомнение привилегија каква што имааат малкумина новинари, истакна Менде Младеновски пред присутните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*