Don't Miss
Home / Uncategorized / Митревски останува прв синдикалец

Митревски останува прв синдикалец

По девет месеци откако беше избран Дарко Димовски за в.д. претседател на ССМ, се уште не е впишан во Центарлниот регистар. Управниот суд одлучи спротивно на налогот на Врховен со кој требаше да му наложи на Централниот регистар да го впише името на новиот претседател. Актуелниот претседател пак Живко Митревски оваа одлука  ја смета за своја победа иако не се однесува на неговиот легитимитет.
„И оваа одлука на ууправниот суд покажа, дека во право е ССМ, дека е во право Митревски,  и раководството, се потврдува со одлуката легитимноста на изборот за претстедател на ССМ на Митревски. Се потврдува дека во право бил и поранешниот министер Ибрахими, што го поништил решението на техничката министерка“ – изјави Живко Митревски – претседател на ССМ.
Од друга страна, адвокатот на в.д. Претседателот вели дека оваа одлука не значи ништо за спорот во ССМ, бидејќи се однесува исклучиво на Централниот регистар. Спорот останува нерешен се додека обвинителството не ги заврши случаите за злоупотреба на службена должност и овластување, како и постапката за поништување на решението од страна на Ибрахими.
„Поднесена е и кривична пријава против Ибрахими и Митревски за злоупотреба на службената положба и овластување и сослушани се сведоци и обвинителството треба да реши дали постои злоупотреба. Тој кривичен предмет и тужбата до управниот суд за утврдување на ништовност на предметот ќе го реши целиот предмет“ вели Ѕвонко Давидовиќ – адвокат на в.д. претседателот Дарко Димовски.
 Според правните проценки, клучните судски спорови би можеле да се одолговлекуваат во наредните две години што дополнително би ја влошило синдикалната состојба. Новото раководство на ССМ, ја повикува надлежната министерка, Мила Царовска да утврди ништовност на решението на Ибрахими за да не се избегнат понатамошните штети во Сојузот на синдикати. Инаку, решението со кое Дарко Димовски е впишан во синдикалниот регистар никогаш не е оспорено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*