Don't Miss
Home / Uncategorized / Ивона сепак остана без пасош

Ивона сепак остана без пасош

Новинарката Ивона Талевска од ТВ Сител останува без пасош, откако Апелациониот суд денеска ја одби нејзината жалба за мерките за претпазливост коишто и ги определи Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство. Како обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“, Талевска има обврска секој работен понеделник во месецот најдоцна до 12,00 часот да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен.

Апелација ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 1, кој што навел дека одлуката за одземање на патната исправа е оправдана, бидејќи Талевска често патувала во странство и оти имало опасност од нејзино бекство.

Во Апелација, нејзината одбрана во жалбата рече дека „тенденциозен е предлогот за одземањето на пасошот на Талевска и не соодветствуваа со нејзините карактер и личност. Таа често патува зашто е заменик главен уредник на национален концесионер како што е Сител. Нема ни најмала можност да избега или да ја одолговлечи постапката”.

Талевска е обвинета во случајот „Тифани“ дека преку своите две фирми „Смарт центар“ и „Смарт груп“ од 2008 до 2014 година затаила данок во износ од 44,5 илјади евра. Обвинета е дека лажирајќи во документите дека набавила стока за своите фирми, ја намалила даночната основа, го злоупотребила правото на одбивка на ДДВ и не пријавила лични приходи. Од асортиманот, наводно за фирмите, таа набавила долна облека од 500 евра, здолништа, шминки, пудри од над илјада евра, врвно дизајнирани кујнски садови, велосипеди од над 500 евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*