Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на СЈО за Драган Павловиќ – Латас и екс вице – премиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Повисокиот суд ги потврди одлуките на Кривичниот кој одлучи наместо да ги испрати во затворот во Шутка, да донесе поблага мерка и да им ги одземе пасошите.
Без пасош останува и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кој заедно со Пешевски е обвинет за злоупотреба на над 150 милиони евра за изградбата на автопатиштата со кинески кредити.
Без пасош останувaaт и браќaтa на Латас, Срѓан и Ѕвездан Павловиќ, како и помошникот – министер во МВР, Ѓоко Поповски.
Со одлука на Апелацискиот суд, без пасош останува и вработениот во МВР, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“, која беше во сопственост на Коста Крпач, кој почина под сѐ уште неразјаснети околности.