Според МВР, сообраќајката се случила околу 19 часот, на раскрсницата на улиците „Орце Николов“ и „Аминта III“.
Во несреќата учествувале автомобил пежо управуван од Е.Х. (24), автомобил рено меган управуван од И.Ѓ. (42) и мерцедес управуван од А.А. (40), сите со скопски регистарски ознаки.
Од ударот добил повреди возачот на пежото, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болница.
По давањето лекарска помош Е.Х. е пуштен на домашно лекување.
На местото на сообраќајката извршен е увид, а причините дополнително ќе се утврдуваат, но останува прашањето зошто на местото на приватна сообраќајка беа присутни толку голем број „алфи“.