Трета среќа за разрешувањето на Марко Зврлевски в петок – според мнозинството ова собрансикиот спикер Талат Џафери ги известил координаторите на пратничките групи кои пристсутвуваат кај него на координација, дека од петок, кога завршува комсијасата расправа за ребалансот на буџетот, до понеделник кога треба да почне собрансиката седница за буџетот, планира да ги закаже сите прекината седници, со приоритет за разрешувањето на Зврлевски
Во набиената агенда на Џафери во план е да најдат и дел од законите кои се врзани со датуми наредниво период. Џафери зацртал се да заврши пред одмор, за власта и опозицијата неговиот план е возможен теоретски, но не и практично.
Од мнозинството велат дека за нив е приоритет разрешувањето на Зврлевски и тоа му го кажале на Џафери, очекуваат спикерот и без договот со опозицијата да ја закаже седницата, бидејќи како што велат реформите во судството мораат да почнат со разрешувањето на Зврелевски. Од опозицијата пак децидни на ставот, за такво експериментирање во законодавниот дом, потребни е консензус особено доколку како што велат, власта остане на зборот за консензус за битните работи во законодавниот дом. Порачуват дека нема да бидат декор.
„Планот се желбите на мнозинството. Од понеделник треба да почне расправата за ребалансот за буџетот на Собрание и тоа е во моментов приоритет. Очекуваме во амбициозниот план на Талат Џафери да се најде и некоја од точките предложени од нас. Да ве потсетам дека се уште нема одговор ниту за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна собарниска седница за договорот со Бугарија, нешто за кое што според процедурите требаше да има одговор.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Рарзешувањето на јавниот обвинител почна пред две недели, за збор се пријавија речиси сите пратеници од опозицијата, а освен со реплики и говори пратениците на Груевски ја одовлекуваа седницата со барања за паузи, на кое имаат право секој од координаторите на нивните десет пратенички групи.