„Првите дејствија кои ДИК ќе ги преземе денеска е доставување барање до МВР за добивање податоци заради креирање на избирачкиот список и доставување барање до МИОА за добивање податоци за вработените во државната и општинската администрација , администрацијата на град Скопје и јавната администрација, систематизирани по општини, според адресата на местото на живеење“, рече Чичаковски .
Според усвоениот Роковник, јавниот увид во избирачкиот список ќе трае од 21август до 9-ти септември. Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21август до 4 септември, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.
Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври годинава, а вториот круг би се одржал на 29 октомври. Изборната кампања ќе започне на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври, додека за вториот круг од локалните избори, кампањата ќе трае до 27 октомври на полноќ.
Болните и лицата во затвор во првиот круг ќе гласаат на 14 октомври, а во вториот круг на 28 октомври.