Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи седмата седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Во понеделникот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Зврлевски има процесирано 60 отсто од случаите и ефикасноста е зголемена во неговото време како јавен обвинител, а политичка неподобност била единствената причина за негово разрешување.
Тие испратија писмо до Државната комисија за спречување на корупција, за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата, бидејќи се распишани локалните избори.