Home / Uncategorized / Дали Битола ќе стане град на мигранти?

Дали Битола ќе стане град на мигранти?

Во врска со најавата за отворање на мигрантски населби во Битола, прес одржа ВМРО ДПМНЕ.

На прес конференцијата во ОК на ВМРО ДПМНЕ членот на Комитетот Тони Коњановски рече;

-СДС како што почнаа така и продолжуваат, зад грбот на граѓаните и секогаш водени од нивните лични амбиции потпишуваат договори, носат стратегии, склучуваат зделки што имаат само една единствена цел – разнебитување на Македонија.

Сега на ред е Битола, па така дирекно од нашиот сограѓанин пратеникот Васко Ковачесвски вчера разбравме дека стратегијата за Битола е да прерасне во бегалски камп.

Васко Ковачевски вчера го потврди планот за претворање на Битола во мигрантски град.

Зарем ова беше визијата и мисијата на СДС за Битола? Од сите можни и потребни проекти што можеа да ги предложат и направат, новокомпонираната Влада на СДС  се што смисли за Битола е таа да стане сечиј дом освен на битолчани.

Зарем не чуствуваа одговороност кон Битола и битолчани пред да одлучат за такво нешто?

Стратегијата за мигранти, странци и бегалци покажува дека за СДС и Заев приоритет се мигрантите а не граѓаните на Македонија. Згради, населби, социјални станови, градинки, вработувања и олеснети државјанства, (најмалку почеток на изградба на 100 згради меѓу кои и изградба на згради и во Меџитлија), плаќање на кирии градинки, школарини, вработување, со кредити, заеми, фирми за бегалците. Се со 100 отсто  покривање од Буџетот на РМ

Со ова станува јасно дека Македонија ќе стане дом на мигранти, бегалци и странци а не на граѓаните на Македонија! Ова е план за  трајно населување на бегалци и мигранти во Македонија а НЕ план за живот на граѓаните на Македонија

Грижата на СДС за Битола им е повеќе од позната на битолчани. Кога претходно беа на власт со ТАТ ја паднаа Битола на колена а овојпат изгледа планираат да ја докрајчат.

И на крај должни сме на граѓаните на Битола да им покажеме како ќе изгледаат резултатите од најновиот проект на СДС за Битола.

Еве во каква Битола планира да живее нашиот сограѓанин, истакна Коњановски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*