Судскиот совет на денешната седница одлучи да им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети за злоупотреба на службената положба во предметот „Титаник“ . На седницата, која беше затворена за јавноста, судиите расправаа по барањето на кривичната судијка Верка Петковска која побарала мислење како да постапи по прашање на судискиот имунитет на кој се повикуваат петмината судии од Управниот суд
Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи. Судиите се осомничени за злоупотреба на судиската функција во партиски цели и судско решавање на приговори во корист на владејачката партија. Предметот се однесува на изборни нерегуларности во 2013 година, пред, за време и по локалните избори.