Трката за градоначалник на Битола веќе почна. Покрај тоа што партиите ги евидентираат своите кандидати се кројат листите и на независните кандидати.
Досега двајца битолчани ја најавија своја трка за градоначалничката функција.
Тоа се екс советникот во Советот на Битола во претходниот состав Кирче Ташков, како и познатиот битолски холивудски артист Јорго Огненовски.
Ташков и Огненовски ни ја потврдија својата намера да се кандидираат за градоначалници и тие од понеделник најавија дека ќе собираат потписи.