Кардиологот Сашко Кедев се искачи на Матерхорн, еден од најтешките врвови за качување кој се наоѓа помеѓу Швајцарија И Италија и важи за еден од највисоките врвови на Алпите.
Врвот е еден од технички најтешките за искачување и за пристигање до неговата цел потребна е голема психолошка и физичка подготвеност како и Алпинистички вештини.
Кардиологот Кедев е признат и познат Алпинист и е третиот Македонец кој го има искачено Монт Еверест 8,848 метри надморска височина.
Врвот Матерхорн е препознатлив на чоколадите Тоблероне.
Сашко Кедев на 2 и 3 август 2015 година се искачи и на два други врва на Алпите со висина над 4000 метри надморска височина.