Don't Miss
Home / Uncategorized / Димитров: Не сме прислушкувале!

Димитров: Не сме прислушкувале!

Владата на Македонија ниту имала намера, ниту пак дала наредба или инструкции за вршење разузнавачки дејства против и на штета на друга земја од соседството, вклучувајќчи ја и Србија. Земјава не презела никакви дејства и мерки за да ја шпионира Србија. Луѓето од оваа Влада ги почувствуваа последиците од прислушувањето и добро знаат што значи тоа, одговори Никола Димитров, министерот за надворешни работи на попладневната конференција за медиумите по вчерашните изјави на првите луѓе на Србија дека Македонија засилено ја контролирала српската амбасада во Скопје.

Водиме политика на нов конструктивен и отворен систем во односите со соседите. Тоа е единствениот начин регионот да чекори напред. Успесите на нашите соседи е и наш успех. Ако има некое недоразбирање вистискиот начин да се надмине е преку директен разговор и дијалог.

„Доколку постојат недоразбирања, треба да се решаваат со дијалог. Во неделата, кога ја добив нотата од Србија, му се јавив на Дачиќ, но не успеав да го добијам. Телефонски побарав разговор и вчера. Најверојатно утре ќе разговараме со колегата Дачиќ“, рече Димитров. Македонската Влада, дополни Димитров, ги поздравува намерите на Белград за враќање на состојбите во вообичаените рамки.

„Единствената офанзива на Македонија е во ширење контакти на Балканот, а во таа насока е и договорот за добрососедство со Бугарија, заедничката седница со Владата на Албанија и посетата на Грција. Бевме изненадени од дипломатската нота на Србија, но сè уште не сме оствариле официјална директна комуникација за да разговараме за ова прашање“, рече Димитров.

Граѓаните на Македонија и на Срија не заслужуваат за вакви теми да се зборува врз основа на шпекулации, додаде Димитров.

„Дијалогот е многу важен и затоа бараме официјална информација и сакаме да знаеме со кого и што сме се договарале“, рече шефот на македонската дипломатија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*