Don't Miss
Home / Uncategorized / Незаработените плати назад

Незаработените плати назад

Владата ќе чека да завршат локалните избори па дури потоа ќе бара одговорност за административците кои земале плата, а со години не оделе на работа. Генералниот секретар Рашковски веќе објави дека во 2016 година буџетот на Владата е оштетен за над 800 илјади евра зашто 166 административци биле ставени на платниот список на Генералниот секретеријат, но седеле дома.
„Формирана е Комисија за дисциплинска постапка , но работата е ставена во мирување согласно Изборниот законик. Постапката ќе биде продолжена по завршувањето на локалните избори. Владата на РМ упатува на тоа дека за настаната ситуација постои одговорност и кај работодавачот и кај работниците.“ – велат од владата.
 Рашковски  вели дека по утврдување на одговорноста Владата ќе бара парите за исплатените плати да ги врати тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски или пак административците. Парите биле исплаќани за незавршена работа што е спротивно на Законот за работни односи и на Законот за административни службеници.
На само неколку дена пред смената на власта 78 службеници кои не доаѓале на работа со години биле повикани на разговор. На повикот се одзвале 70, а на останатите им е прекинат работниот однос.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски немаше коментар за вработувањата. Овие вработувања не се однесуваат на административните службеници од албанска националност. Тие се вработени во посебен Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор. Но ниту претходната ниту сегашната власт не ги спомуваат, иако и тие со години седат дома и земаат плата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*