Home / Uncategorized / Петок седница на Советот на општината Битолa

Петок седница на Советот на општината Битолa

Советот на Општината Битола за петок, на 1 септември ја закажа својата 69-та седница. На седницата според предлог одлуката која им е доставена на советниците, треба да се донесе Одлука за распишување на Референдум во општината Битола,  на кој граѓаните на  Битола треба да се изјаснат околу “отварањето на прифатни центри и создавање на услови за населување и интеграција на бегалци и мигранти на подрачјето на општина Битола”

Инаку на Референдумот граѓаните на општина Битола ќе треба да се произнесат по однос на  прашањето:

-Дали сте ЗА или ПРОТИВ отварање на прифатни центри и создавање на услови за населување и интеграција на бегалци и мигранти на подрачјето на општина Битола?

Во членот 5 од Предлог одлуката меѓу другото стои дека Референдумот во Битола  ќе се одржи на 15.10.2017 година (недела), во периодот од 07.00-19.00 часот, денот кога во Република Македонија треба да се одржат локалните избори, за избор на градоначалници и советници во Советот.

Така, доколку се усвои ова Одлука на 15 октомври битолчани покрај тоа што ќе бираат градоначалник и советници, ќе гласаат и за Стратегијата за бегалците.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*