Don't Miss
Home / Uncategorized / Рошковски бара Кирил Божиновски да лежи за тие што не работеле, а земале плата

Рошковски бара Кирил Божиновски да лежи за тие што не работеле, а земале плата

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска на прес-конференција изјави дека поранешниот генерален секретар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски со вработувањето на 600 лица во Државниот секретаријат кои не оделе на работа, а земале плата, го оштетил буџетот за 824.000 и евра и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Рашковски соопшти дека се поведени дисциплински постапки против 60 лица како и дека ќе биде поднесена кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата.

-Располагаме со писмена евиденција, и тоа како доказ ќе биде доставено до Јавното обвинителство, од којашто се гледа дека овие вработени, во последните 2, 3 или 4 години, зависно од тоа кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред, доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во останатите 4 дена немале никаква обврска. И во истиот ден кога доаѓале на работа, немале никаква друга обврска, туку едноставно требале да дојдат и да се потпишат – рече Рашковски.
Тие користеле и годишен одмор, платено отсуство, биле фиктивно оценувани за својата работа и секогаш сите добивале тројка, од причина што според законот, со добивање на средна оцена, вие ниту одите горе ниту одите долу во своето напредување, туку останувате на истата позиција на којашто сте биле пред оценувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*