Владимир Талевски веќе не е меѓу кандидатите за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ.
Според информации на порталот на Битолски весник членството отворено се спротиставило Талевски да биде кандидат за градоначалник на Битола по четврт пат.
Вакавата одлука членството на партијата отворено му ја соопштиле на лидерот Никола Груевски, на кого јасно му ставиле до знаење дека доколку тој го кандидаира Талевски да се трка за четврт мандат тие нема да ја подржат неговата кандидатура.
Доколку ваквите информации се точни, тогаш повеќе од јасно е дека Талевски иако знаеше дека не ја ужива довербата на членството тој на своја рака ја наметнува својата кандидатура.
-Талевски наместо за избори треба да се подготвува како ќе се брани на престојниот судски процес кој за дваесетима дена ќе почне во Основниот суд во Скопје, каде во случајот “ Транспортер “ тој е првообвинет .
Ваквата одлука членството ја донело откако неговиот отчет за (не)сработеното во изминатиот трет мандат граѓаните на Битола го примиле со многу негативни реакции