Don't Miss
Home / Uncategorized / Татко и син тргувале со оружје

Татко и син тргувале со оружје

Секторот за внатрешни работи Битола, во месец август 2017 година поднесе две кривични пријави против четири лица, поради постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и тоа:

– Кривична пријава против М.Л.(73), О.Л.(47) и Ј.Т.(26) од Битола, затоа што првопријавениот , заедно со второпријавениот , кој е негов син, на точно неутврден датум во 2014/2015 година , за сума од 15 000 денари неовластено му  продале две ловни пушки („Црвена застава кал.12/70 мм”и „ИЖ -18) , на третопријавениот. Пушките се  одземени од пријавените, а при претрес во домот на првопријавениот  пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и 73 парчиња муниција кал.7,62 мм и 7 парчиња муниција 7,65 мм за кои истиот не поседува одобрение за набавка.

– Кривична пријава против М.Ч (52) од Битола , затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, била пронајдена и одземена  една ловна пушка ТЕЦНИ-МЕЦ МАРЦХЕНОВ кал 12 мм, која истиот ја поседувал без соодветна документација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*