Вчера во 19,10 часот во Битола на бул.„ 1-ви Мај“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски таблички, управувано од Д.Д. (71) удрило во пешакот М.Р. (56) од Битола.
Во незгодата М.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница-Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.