Лицемерието на СДС уште еднаш се покажува на дело. На вториот ден од кампањата, по потпишувањето на Кодексот за фер избори, наместо да се натпреваруваат со идеи, почнаа со ниски лични дисквалификации и лаги- обвини Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
-Ништо друго и не може да се очекува од партија која на ист таков начин, со лаги, по изгубени избори на сила дојде на власт. Граѓаните на 15 октомври ќе им дадат јасна порака дека ќе гласаат за проекти , дела и резултати , а не за озборувања, некомпетентност и недоследност, истакна Лозановска на прес-конференцијата.