Локалниот огранок на Левица Битола,односно кандидатите за советници на Општина Битола денеска ја посетија Старата битолска чаршија и пазарот во Битола. Велат дека како работничка партија од особено значење за нив се условите во кои работат пазарџиите и занаетчиите и затоа нивна заложба ќе биде да заживее Старата битолска чаршија.
-Општо е познато дека дуќаните во Битола се повеќе се затвораат, а тоа значи дека има лоша еконоска моќ на луѓето кои што живеат во Битола и околината. Ќе се обидеме оваа чаршија да заживее, не само во текот на денот и во рамките на трговијата, но и да заживее и од културен аспект.
Левица ќе даде се за старата битолска чаршија да ја задржи својата душа и да остане автентична онаква каква што некогаш била и да заживее навистина, рече денеска Ивана Атанасовска, носител на листа на кандидати за советници од Општина Битола од Левица.