Сакаме да ја потсетиме битолската јавност дека непосредно пред изборите 2013та година се запали планинарскиот дом Копанки. Тоа беше кампања за тие избори кога Владимир Талески за два дена пристигна и кажа дека ќе го изгради планинарскиот дом. Денес, 4 и пол години после тоа ништо не е постигнато. Сакаме да ја потсетиме битолската јавност дека исто така во советот на општина Битола предлагавме средства за изградба на планинарскиот дом Копанки. Советниците на ДПМНЕ гласаа против. Сакаме да ги потсетиме дека и во парламентот на Р.Македонија нашите пратеници предлагаа амандмани за изградба на планинарскиот дом кои исто така беа одбиени. Новата локална власт ќе преземе мерки да го обнови планинарскиот дом Копанки и тоа ќе стане место каде битолчани ќе можат повторно да уживаат во природната убавина на тој дел. Ние сме посветени на тоа и ќе работиме на решавање на тој проблем и уверени сме дека во наредните години ќе го решиме проблемот, истакна носителот на листата советници на СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите “, Валентниг Груевски.