Премиерот Зоран Заев упати честитка до сите граѓани по повод 11 октомври, Денот на народното востание, денот кога, како што се наведува, македонскиот народ и сите граѓани во Македонија ја покажаа својата волја, одлучност и храброст да се борат за најсветото, слободата.
Овој ден нека ни биде потсетник да го чуваме она што го наследивме и од Македонија да направиме подобра држава, поубаво место за живеење. Да направиме чекор повеќе во освојувањето на слободата за сите наши граѓани, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.