Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски. На средбата се разговараше за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Општина Карпош.
Присутните преземаа задачи кои ќе ги реализаат во претстојниот период.KarpКарпош, средина,загадувачи, отпад
Богоев потенцираше дека локалната самоуправа ќепродолжи со секојдневните контроли и дежурства од страна наинспекторите. Во изминатиот период беа санкционирани повеќе потпалувачи на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот.
Заменик министерот Макрадули истакна дека Министерството заживотна средина и просторно планирање ќе спроведе детална анализа и лоцирање на објекти кои загадуваат на територија на Општина Карпош.
Општина Карпош продолжува со чистење на дивите депонии, како и со оградување и осветлување на исчистените места со цел да не се повтори загадувањето во овие места, рече
Богоев. Исто така, во соработка со Град Скопје ќе има и темелно чистење на Општина Карпош, а најавени се и нови, специјализирани контејнери за селектирање на отпад.