Don't Miss
Home / Uncategorized / Против Владимир Талески уште 8 други истраги

Против Владимир Талески уште 8 други истраги

Покрај за кривичното дело  “ Транспортер “ во кој екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески е првообвинет,  против Владимир Талески се водат уште 8 други истраги.

Според информации на Битолски весник на барање на Основното јавно обвинителство за Талески, покрај за бесплатниот превоз се водат истраги за тоа дали има евентуални злоупотреби во  Договорот за изградба кружниот  тек кај Црн Мост.

На барање на ОЈО, СВР Битола, врши истраги за проектот за Црн Мост од фирмата “Форми ДООЕЛ”,  потоа ГИ “Македонија” како и плаќањата за фирмите “Стентон градба” и “Микро Мак”, кои учествуавле во градбата на Црн Мост. Истраги се вршат и за фирмата “Петровски инженеринг” која го направи проектот за ребрендирање на мостот кај Безистенот и фирмата “Модул пром”  за изведбата на проектот.

На барање на ОЈО, битолската  полиција го испитува и работењето на сите проектанти и изведувачи кои работеа во Касарната како и Договорот за  изградба на инфраструктурата кај АРМ. Полицијата испитува и со кои средства е извршена  исплатата и дали е извршено задолжување со кредит на Општината Битола.

Поради основани сомненија за злоупотреби СВР Битола на барање на ОЈО врши испитување на исплатите на социјална помош од ставката на Советот на Општината и градоначалникот, како и исплатата на спортските клубови и колку изнесуваат трансферите до спортските клубови  за 2011 година, колку средства се исплатени, на кои спортски клубови, дали тие истите во Централниот регистер се пререгистрирани  во акционерски друштва и непрофитни организации.

Битолската полиција врши истраги  и за исплатата на средства по основ на исплата на регрес за годишен одмор К-15 и 13- та плата за периодот од 2010 до 2014 год, потоа трансефрите на сресатва од ставките на Советот и градоначалникот до невладините организации и Здружнеијана грагани, платите И надоместоците за вработените во месните организации за 2011 година.

Истрагите на барање на ОЈО ги врши секторот за внатрешни работи и економски крминал.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*