Холивудскиот продуцент Перси Ван Липински ја продолжи својата посета во Битола за да се сретне со градоначалникот Владимир Талески и ди ги договорат трите проекти кои заедно ќе ги реализираат. Тие се договорија за снимање на заеднички документарен филм, игран филм, и изградба на филмски студија во Битола, во веќе предвидените маркици за таа намена во Касарната.
Липински е добитник на оскар за докуметарен филм и се надева дека со новиот филм кој ќе го снима во Битола ќе конкурура за ова престижно филмско признание. Липински работи во студиото “Универзал“ по нивна покана а како што рече на пресот неговите комшии Стивен Сигал, Мерил Стрип и некои други ќе ги покани во Битола, а веќе го известил неговиот шеф во Холивуд за можностите да се работи во Битола, и тука да се направи бизнис.
Липински упати покана за градоначалникот и премиерот за брзо време да се сретнат во Холивуд.
Инаку Липински има снимено 170 филмови.
С.Р.