Don't Miss
Home / Uncategorized / Калајџиев поднесе оставка во Советот за реформи во судството

Калајџиев поднесе оставка во Советот за реформи во судството

Професорот Гордан Калајџиев пред десетина дена поднел оставка од членството во Советот за реформи во правосудството, бидејќи Советот го доживува повеќе како декор на Министерството за правда и Владата, отколку како вистински Совет за реформи.

-Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред се, тука мислам на самите судии, обвинителството во делот на правосудството, ниту на дел на инклузивноста на граѓанскиот сектор. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот Совет, рече Калајџиев.

Според него, самиот Совет во суштина е доста маргинализиран, се свикува многу ретко – еднаш во два месеци, а на дневен ред се поставуваат прашања по избор на Министерството.

-Некои важни иницијативи се одбиваат без аргументација, така што Советот го доживувам повеќе како декор на Министерството и Владата отколку како вистински Совет за реформи. Мислам дека напротив сериозноста на задачата бара многу добро да се размислат чекорите што се преземаат, бидејќи само палијативни, нови крпења на законските прописи, нема да донесат решенија на проблемите како што не донесоа ни досега, бидејќи ние и без да правиме реформи имаме пристојни законски решенија. Но, имаме сериозни други проблеми што уште де факто не сме ги детектирале зошто и како нашиот систем не е резистентен на политичките влијанија, кои се тие канали преку кои се врши притисок врз судството, обвинителството што доведуваат до селективност, политизираност, изјави Калајџиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*