Don't Miss
Home / Uncategorized / Пет години од црниот понеделник

Пет години од црниот понеделник

Пред пет години, на денешен ден, специјалните полициски сили и обезбедувањето на Собранието, насилно ги изнесоа на улица пратениците на СДСМ и новинарите, во текот жешката парламентарна дебата за буџетот.

Судирот започна откако група пратеници беа револтирани поради усвојувањето на, како што тврдеа, неразвојниот буџет кој предвидуваше огромни трошоци за проектот “Скопје 2014“. Нивните амандмани беа одбиени, а дебатата на таа тема беше откажана. Пратениците од опозицијата најавија дека ќе дежураат пред Собранието и дека нема да дозволат кршење на Уставот на РМ.

И СДСМ 24 декември го памети како еден од најцрните денови за демократијата во Македонија.

„Никола Груевски и фамилијата, пред очите на јавноста, преку злоупотреби на полицијата во законодавниот дом ја погази демократијата на брутален начин влечејќи и тепајќи новинари и пратеници“, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека таквите долгогодишни политики на  сеење страв и закани со режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кулминираа во Собранието на РМ на 27 април оваа година. Оттаму потврдуваат дека преку политиките на обединување, соработка и добрососедство повторно ќе бидат издигнат демократските вредности во државава.

На 24 декември за време на инцидентот во Собранието, надвор пред зградата на Собранието се имаше протести предводени од тогашниот лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, како и контра- протести организирани од партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ.

Полициските кордони спречија судир  меѓу двете групи. Настаните завршија со бојкот на Собранието и протести низ улиците кои траеја со недели.  Во наредниот период кризата се продлабочи уште повеќе, а опозицијата бараше правда на улица.

Настанот беше нотиран и во извештаите на европските извештаи. По поднесената претставка од страна на ЗНМ судот во Стразбур пресуди дека на тој ден били прекршено правото на слобода на изразување согласно член 10 од Европската конвенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*