Don't Miss
Home / Градска хроника / Насилникот кој се фалеше дека ја тепал снаата на “Канал 5” е од Битола

Насилникот кој се фалеше дека ја тепал снаата на “Канал 5” е од Битола

Насилникот кој деновиве јавно во утринската емисија на “ Канал 5” призна дека физички ја нападнал со секира својата снаа од брат и која притоа се здобила со сериозни телесни повреди, е од Битола.
Ваквата информација ни ја потврдија негови најблиски, кои ни го потврдија случајот дека битолчанецот, кој тоа јавно го призна на “ Канал 5 “, со секира ја нападнал и притоа потешко ја повредил неговата снаа од брат, нанесувајќи и притоа удари во раката и градите.
Симптоматично е тоа што и покрај јавното признавање дека тој ја нападнал неговата снаа со секира и притоа ја повредил и поднесената кривична пријава, како од страна на повредената странка, така и од полицијата, насилникот по сослушувањето бил пуштен да се брани од слобода и што тој продолжил да им се заканува на снаата и братот.
За тоа време тој од слобода го чека судењето.
Кој ќе биде виновен доколку насилникот повторно се обиде со секира да ја дели правдата и притоа на своите најблиски на кои јавно им се заканува им нанесе некои посериозни повреди, или изврши убиство?

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*