Home / Интервјуа / Лили Кадинска, модна дизајнерка:Бидете смели и софистицирани на црвениот килим

Лили Кадинска, модна дизајнерка:Бидете смели и софистицирани на црвениот килим

Уште само неколку дена не делат од гламурозното свечено отворање на најновото издание на Инернационалниот филмски фестивал “ Браќа Манаки“ во Битола. Последните години, отворањето е своевиден престиж во градот, и се бара карта повеќе да се биде дел од свечениот настан и да се помине по црвениот килим.
Модната дизајнерка Лили Кадинска, сопственичка на модната етикета“ Ле Бранд“ ве советува како да блеснете на црвениот килим и да го привлечете вниманието и да се прикажете визуелно во најдобро светло.

Битолски весник: Колку во последните години дамите посветуваат внимание за изгледот на црвениот килим на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“?
Лили Кадинска : Ако ги земиме предвид филмските фестивали во светот, појавувањето на црвениот килим е секогаш проследено со голема еуфорија, публицитет и критичка маса,па така грешките во изгледот се скоро недозволени. Подготовките за појавувањето на црвениот килим траат долго, а меѓу дизајнерите се води вистинска битка околу тоа,кој,кого ќе облече. Затоа што тоалетата од црвениот килим претставува најдобар маркетинг и продава најуспешно. Важно е да се каже и тоа дека фамата околу појавувањето и изгледот на црвениот килим е скоро иста со онаа околу добитниците на наградите. Кај нас се оди полека,па така и последниве години како што фестивалот го гради својот имиџ и се стекнува со определена доза на гламур,така и гостите делумно се трудат да изгедаат соодветно.
Б.В. Што од моден аспект претставува Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ во Битола?
Л.К. ИФФК “Браќа Манаки” е еден,ако не и единствен настан во нашата држава кој има афинитети и потреба да негува гламур и посебно модно изразување.Секако покрај неговиот примарен концепт и намена.Затоа треба да го искористиме тој момент и да го фаворизираме модниот аспект на самиот фестивал.

 

10570426_743671125691815_2394504872122187865_n

Лили Кадинска, модна дизајнерка
Б.В. Како треба визуелно да се изгледа на црвениот килим а да не се направи грешка?

Л.К. Постојат посебни правила за изгледот на ваквите фестивали.За мажите црн смокинг и црна вратоврска или лептир машна, а за жените долга тоалета.Никогаш нема да се погреши ако се следат некои основни правила околу силуетата, боите, дрес код. Или наједноставно ако се препуштите во рацете на професионалец.
Б.В. Колку  жените и мажите се  смели во стајлингот кога се работи за еден ваков голем настан?

 

лабина

Л.К. Минатата година жените,па и мажите кои се појавија на црвениот килим ги поделив во две категории.Оние кои беа смели и они кои беа еднолични и тривијални.Она што ми фалеше беше таа безвременска класика.Оваа година би сакала да видам смели изгледи и класични,но се да биде во духот на гламурот.Јас лично ја претпочитам смелоста и кршењето на правилата. Но само кога тоа е направено вешто и софистицирано.

Инаку, би ја издвоила директорката на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“,  Лабина Митевска како личност која секогаш е смела во изгледот и поддржува домашни дизајнери.
В.М.Младеновска

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*