Home / Uncategorized / Битола маргинализарана

Битола маргинализарана

На денешната прес- конференција локалниот лидер на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието, Васко Ковачевски меѓу другото изјави дека Битола од страна на актуелната власт е целосно запоставена и маргинализарна.
-Во Собранието на РМ, експресно помина ребалансот на Буџетот за 2014 година, без опозицијата, без дебата и без предлози од граѓаните.
Усвоениот ребаланс на Буџетот уште еднаш го покажа игнорантскиот однос кон Битола од страна на централната власт.
Битола е на самиот врв по полнење на државната каса, а не доби ниту една капитална инвестиција, ниту ќе реши голем инфраструктурен проблем, изјави Ковачевски и додаде:
-Иако заболувањата кај граѓаните на Битола очајно се во пораст, нема пари за нови заштитни филтри на оџаците во РЕК Битола. Но затоа “ЕЛЕМ“ и “МЕПСО“ ќе имаат управни згради од милиони евра во барок стил.
Битола ќе нема и понатаму мерни станици, иако загадувањето на воздухот во градот е алармантно. За власта на Груевски поважни се егзотичните палми од половина милион евра.
Петтиот канал за собирање на отпадните води и фекалиите ќе чека, пречистителна станица ќе нема. Затоа пак на плоштадот во Скопје ќе се гради нова фонтана од 2.5 милиони евра!
Не само што ќе се разболуваме, туку и натаму ќе нема каде квалитетно да се лекуваме.
Болницата во Битола, и понатаму ќе тоне во долгови. Ќе биде потопена и од првиот поголем дожд. Ќе ги нема и потребни лекови и реагенси за пациентите. За власта на Груевски приоритет е трошењето на 18 милиони евра за Панорамското тркало во Скопје.
Ќе чека и најавениот нов стадион во Битола. Стадионот Филип Втори во Скопје треба да добие нова милионска фасада!
Нема пари ни за обновување на изгорениот до темел Планинарски дом Копанки, иконата на Битола. Нема пари ниту за жичара на Пелистер. Груевски сака нова жичара од Водно до Капиштец во Скопје.
Битола со својата големина и функционалност, како економски, културен и образовен центар ова не го заслужува!
Но власта на ВМРО-ДПМНЕ не се води од интересите на граѓаните. Ниту од интересите на граѓаните на Скопје, ниту пак од интересите на граѓаните на Битола. Тие се водат исклучиво од своите бизнис интереси. Тие што направија огромна буџетска дупка и задолжија и сегашни и идни геренации во Република Македонија, изјави на прес- конференцијата Васко Ковачевски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*