Home / Политика / Ковачевски со лаги и клевети му се додворува на битолчани

Ковачевски со лаги и клевети му се додворува на битолчани

По прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Васко Ковачевски со експресна реакција реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Народниот избраник Васко Ковачевски денеска покажа дека партискиот штаб на СДСМ и верноста кон Зоран Заев му се поважни од гласачите кои му укажаа доверба да ги застапува во Парламентот. Наместо од собраниска, Ковачевски реши да се обрати од партиска говорница и да изнесе еден куп невистини, лаги и клевети во обид да се додвори на локалпатриотските чувства на битолчани.
Истите тие битолчани пред некој месец јасно и недвосмислено ја поддржаа предизборната програма “Проверено” и добро ги знаат проектите за Битола до кои се дојде со анализи, идеи од граѓаните и тимска поддршка од градоначалникот и нашите пратеници.
СДСМ нема образ сега да покажува грижа за градот во кој ги уништи фабриките ги ограби штедачите од ТАТ и запусти стотици семејства.Наспроти тоа битолчани го гледаат и чувствуваат бенефитот од вложувањата на ВМРО ДПМНЕ во инфраструктурата, здравството, образованието, културата и спортот и што е најважно инвестициите и отварањето на работни места за младите. Доколку грижата на пратениците на СДСМ за Битола е искрена тоа може да го покажат веднаш со вклучувањето во демократската дебата во Собранието во кое што сепак влегуваат, но, само за да ја подигнат пратеничката плата, истакна советникот на ВМРО- ДПМНЕ во градскиот совет, Јовица Богоев.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*