Акцијата за почиста Битола, која веќе неколку дена се води на “ Фејсбук“, “ Сакаме чист воздух во Битола “ од ден на ден добива се поголема поддршка.
Досега, оваа акција ја поддржаа над 10.000 битолчани, а голем е бројот на граѓаните кои ставија потпис во петицијата за почиста Битола.
Кон акцијата “ Сакаме чист воздух “ во Битола се придружи и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, која вчера престојуваше во Битола и која побара Владата на Република Македонија да издвои поголеми средства за поголема еколошка заштита на градот, каде од ден на ден расте бројот на луѓето кои заболуваат од малигни заболувања.
Б.В.
Home / Uncategorized / Над 10.000 битолчани со поддршка за акцијата “ Сакаме чист воздух во Битола “
Tagged with: акција поддршка чист воздух