Врховниот суд денеска им ја укина мерката куќен притвор на Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Игор Дурловски и Елена Божиноска, кои се обвинети за насилството во Собранието на 27 април.
Судот мерката куќен притвор им ја замени со мерки на претпазливост, односно да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.