Екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски мерката притвор им е заменета со куќен притвор, информираат од Врховсниот суд. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.
Осомничените З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.
За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.
За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.