Јавното обвинителство сомничи еден од обвинетите во настаните од „крвавиот четврток“ дека имал намера да пука во актуелниот премиер, Зоран Заев.
-Еден од обвинетите се насочил кон Заев посегнал по пиштолот кој го носел, но не испукал кон пратеникот затоа што бил заштитен од обезбедувањето – изјавија од Обвинителството на денешната прес конференција на која информираа дека е поднесено обвинение против 30 лица.