Откако повеќе месеци ја зеде на “чешлање” документацијата на Општината Битола и кога буквално целокупната документација на општината е пренесена во СЈО или јавното обвинителство, СЈО, почна да ја “чешла” и документацијата на битолските јавни претпријатија.
Според инфорамции на Битолски весник СЈО и инспекторите се практично влезени во сите јавни комунални претпријатија во Битола и вршат ревизија на нивното материјално и финансиско работење.
До ваквата “ненајвена” контрола на претпријатијата наводно дошло, откако најголемиот број од Надзорните одбори на претпријатијата одбија да ги прифатат завршните сметки и за истите позитивно не се произнесоа ни советниците на Советот на Битола.
И покрај нашите инсистирања да добиеме информации кои претпријатија и за какви наводни злоупотреби и малврезации се испитуваат, за жал не добивме одговор.
Ако се има предвид дека во “ревизиите “е вклучена СЈО, може да се претпостави дека работењето на екс директорите се испитува бидејки можеби тие се фатени во разговори со нивниот “шеф “ Владимир Талески, кој според објавените “ бомби “ веќе бил предмет на прислушкување и истраги.