Живееме во време на пазарно општество каде се се плаќа и наплаќа. Во последно време сведоци сме на разни трошоци кои ги плаќаат граѓаните за добивање на разни документи, потврди или сметки…
Но досега не сме слушнале една фирма да ги наплаќа трошоците за издавање на потврда за работен стаж за своите вработени.
Деновиве во редакцијата на Битолски весник добивме и таква информација.
Имено фирмата “ Транскоп “ Патнички сообракај Битола, на сопругата на еден свој покоен работник, деновиве му побарала и наплатила 500 денари за издавање на потврда за работен стаж.
Така Вера Јанкулоска од Битола била принудена да плати 500 денари за да службите во “ Транскоп “ и издадат потврда за работниот стаж кој го имал во оваа фирма нејзиниот сега покоен сопруг Љубомир Јанкулоски, кој неодамна почина во Австралија.
Иако “Транскоп” Патнички сообраќај како фирма каде работел претходно Љубомир Јанкуловски била должна во фонодот за ПИОМ да ги достави податоците за платени придонеси за нивниот поранешен работник Љубомир Јанкуловски , таа тоа не го направила.
Кога по смртта на нејзиниот сопруг Љубомир, Вера Јанкуловска побарала потврда за регулираниот стаж, следувала изненадување бидејќи од “Транскоп” и побарал 500 денари за да и издаде таква потврда.
Ваквиот однос кон своите поранешни работници, навистина не само што е несекојдневен туку е и невообичаен.
Воедно тоа е најдобра потврда дека во “Транскоп” не само што никој не може да се вози од патниците без пари, туку во оваа фирма без пари не може да се добие ни обична потврда за работен стаж.
Тоа што посебно иритира е што фирмата “ Транскоп “ била должна во ПИОМ да го пријави стажот на работникот Љубомир Јанкуловски. И наместо да се извини за таквата своја (не)ажурност, “Транскоп” истата ја наплаќа од странката, која мора да оди од врата на врата за да го регулира стажот на работникот кој биле должни тие да го сторат.