Доцна поладнево познатата светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски – Смајко, го потврди учеството на битолското културно лето „Бит фест 2018“.
По потврдувањето на учеството на “ Бит Фест “ организаторот на концертит, Радио Б -97 веќе ги резервира авиобилетите за концертот Њујорк-Истанбул-Скопје и назад.
Популарниот Смајко со својата интернацонална група, во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 16 август, на Хераклеја. а според договорот тој ке пристигне неколку дена претходно во Битола.
Заедно со Смајко на концертот ќе настапи и групата Љубојна.
Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник „Ајри Демировски“ да настапува со својот оркестар на Хераклеја.
За време на својот престој во Македонија, организаторот на турнејата Радио Б-97 Битола преговара да организира настапи на Њујорк Џипси Ол Старс и Смајко и во некои други градови во Македонија.