Don't Miss
Home / Култура / Традиционален Божикен и Новогошен концерт на “ Марко Марулиќ“

Традиционален Божикен и Новогошен концерт на “ Марко Марулиќ“

Во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско-хрватското
друштво “Марко Марулиќ“, а во соработка со Центарот на култура, во
Битола се одржа традиционалниот Божиќен и новогодишен концерт.
-Оваа година сакавме да ја промовираме далматинската песна преку
далматинските клапи- женската клапа “Тамарин“ од Враниц – Солин и
машкиот вокален состав “Делмати“ исто така од Солин.
Оваа година ја заокружуваме на едно културно поле, имавме 6 поважни
проекти кои успешно ги реализиравме, меѓу кои Денот на државноста на
Хрватска, Денот на независноста, учество со хрватски групи н Бит фест,
учество на културно уметнички друштва на фестивалот Илинденски денови,
гостувања на културно уметнички друштва на интернационални фестивали во
Хрватска и друго.
Веќе од сега ги договараме гостувањата и проектите за следната година,
за одбележување на најзначајните државни и верски празници.Сметам дека
културата е поле на кое луѓето најлесно се зближуваат, а притоа
запознавајќи ја традицијата и културата на двете земји, во овој случај
Македонија и Хрватска-истакна Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко
Марулиќ“, кој додаде дека во публиката има Хрвати кои живеат во Битола,
но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура.
Росита Мартиќ, раководител на женската клапа Тамарин истакна-Дојдовме во
Битола да ја претставиме нашата клапска песна. Основната карактеристика
на далматинската клапа е тоа што е произлезена од народот, претежно тоа
се песни кои ја опеваат љубовта кон татковината, потоа имаме серенади,
се работи за а капела изведба, што значи без инструментална изведба,
само вокална. Се пее 4 гласно што е реткост и кога имаме прилика да
гостуваме надвор од Хрватска како дел од фестивалите, тоа е одлично
искуство за нас и воедно промоција на овој вид на пеење.
Последните 3 години оваа клапа собира награди на интернационални
фестивали меѓу кои Гран при во Тоскана, прва награда од стручно жири во
Братислава, во Хрватска на фестивалот на женски клапи освоија прво место
и многу други награди.
-Посебно е чувството кога настапуваме во странство и кога луѓето се
воодушевени од клапската песна, посебно музичките професионалци. Им ја
раскажуваме и историјата како е создаден овој вид на изведба од обичниот
човек, еден вид на народно пеење- додава Росита.
Гости на Божикниот концерт беа и Владиката Петар, градоначалникот на
Ресен – Живко Гошаревски, претставници на хррватска амбасада во Скопје,
членови на хрватската полиција кои се во рамките на европската гранична
полиција и други.
По концертот дружењето продолжи во хотелот “Премиер – Центар“ каде се
одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа разменети подароци и
договорени нови настапи.
МХД и Хрватскиот културен центар Марко Марулиќ, секоја година
традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи,
од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски
здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку
што постои и МХД. Марко Марулиќ, се со цел презентирање и запознавање на
македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција.
Изминатите години во текот на своето постоење, а следната година
одбележуваат јубилејно 25 годишно постоење, ова здружение и културен
центар, организираа многубројни гостувања како на хрватски здруженија,
ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници,
ансамбли во Хрватска.
Гостите од Хрватска во тие неколку денови на престојување на Битола,
имаа можност да ги запознаат убавините на градот, се фотографираа пред
саат кулата, на Широк Сокак, го испија традиционалното битолско кафе на
таа улица што го споредија на своите профили на фејсбук со традицијата
на пиење кафе во Сплит, ги почестија битолчани со далматинска песна од
центарот на градот, а имаа можност да го посетат и Охрид.
За крај ни изјавија- Македонија ни е во срцето, Битола не пречека со
широко отворени раце, ветуваме ќе дојдеме повторно во оваа прекрасна
земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*