Don't Miss
Home / Uncategorized / Зијадин Села ќе го оспори Законот за амнестија на Уставен суд

Зијадин Села ќе го оспори Законот за амнестија на Уставен суд

Алијансата за Албанците најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за амнестија.

– Собранието по скратена постапка донесе закон за амнестија. Со Законот ќе бидат амнестирани одредени луѓе директно вмешани во настаните од 27 април. Алијансата за Албанците не беше присутна на гласаањето и го осудува овој чин. Во процедура сме за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон – рече пратеникот на АА Сурија Рашити.

Тој додаде дека ќе го оспорат законот бидејќи, според него, се однесува за една категорија луѓе и за еден настан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*