Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО, рече претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска, придружуван од началникот на Генерал-штабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево.
По обиколката на свечената гарда на АРМ, претседателот Иванов се сретна и со другите припадници од кичевската касарна, каде што имаше средба со командатот на Четвртата механизирана пешадиска бригада, наречена „Леопарди” , потполковник Боро Латкоски.
Тој на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за државата, извршувајќи ги професионално своите обврски.
Tagged with: жорге за Иванов обврски сето