Home / Uncategorized / Родени три машки бебиња во Битолa

Родени три машки бебиња во Битолa

Првиот ден во Новата 2019 година во Битола  се родија  три машки бебиња. Првото бебе се роди 20 минути по полноќ. Среќната мајка е Александра Максимовска од Битола, која на свет донесе  машко бебе, тешко  3.255 грама, а долго  49 см.

Останатите две бебиња  се породија со царски  рез. Едното бебе е од  Кичево, а другото од Битола. Тие на свет дојдоа во 10.05 и 11.10  часот денеска.

На сите среќни мајки градоначалничката на Битола, Наташа Петровска им подари букети свежи цвекиња и парични средства.

Инаку   новогодишната ноќ, според портпаролката на Клиничката болница  во Битола  помина мирно,  а  во Ургентното одделение лекарска помош побарале само четворица битолчани, тројца заради прекумерно користење алкохол, а еден заради повреда во тепачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*