Интересот за Манифестацијата на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани 2018 “ оваа година е огромен.
Во нашата редакција и на меил адресата постојано пристигнуваат предлози за признанијата.
Но тоа што е значајно огромен е и бројот на тие кои се интерсираат за влезниците за Манифестацијата.
Со оглед на големиот интерес Битолски весник оваа година многу порано ќе ги пушти влезниците во продажба и за прв пат откако пред 19 години ја организира истата врши резервација на влезници.
Сите оние кои сакаат во живо да ја следат Манифестацијата навреме да си извршат резервација за маси во салата Вавилон, зашто бројот е ограничен а Битолски весник нема да ги пушта во продажба само местата за добитниците на признанијата.
Инаку Битолски весник деновиве ја конципра музичката програма и со сите кои ке настапат на свеченоста веќе ги договори настапите, а во завршни ореговори е и изборот на ејксклузивниот спонзор за Манифестацијата кој изрази подготвеност да го спонзорира Изборот.
Се работи за една од најуспешните макеоднски компании во државата и која е вистински бренд на Македонија, а која прифати да биде ексклузивен спонзор откако беше информирана од нејзини деловни партнери за каква Манифестација се работи.
Битолски весник оваа година подготвува и нови пријатни изненадувања за присутните на свеченоста.