Стотици илјади евра отштета треба да платат поголем број општини поради еднострано раскинување на договори за купопродажба на градежно земјиште, продажба на парцели во изборна капмања, тужби, често менување на ДУП. Мегу нив е општина Битола.
Ова се дел од наодите во ревизорскиот извештај со наслов „Ефективност на политиките и мерките при управување со градежно земјиште“ со цел да се даде одговор на прашањето дали постоечките политики и мерки овозможуваат ефиктивно управување со градежното земјиште во земјава,пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.
Измената на постојната односно донесувањето на нова урбанистичко-планска документација се врши без при тоа да биде изработена стручна анализа за евентулната потреба од изменување и дополнување на плановите или дел од нив. Ваквата состојба создава можност плановите да се менуваат почесто иако планирањето се врши за подолг временски период“ – се наведува меѓудругото во ревизорскиот извештај.
Ревизорите дополнително посочуваат дека честите измени на Деталниот урбанистички план создава ризици за физичките лица – инвеститори.
Ревизорите констатираат и пропусти во постапката за донесување и измена на планската документација, односно, потестувата на обврската за спроведување на јавна презентација и на јавна анкета за предложените измени во урбанистичкиот план во точно утврдени рокови.
„Јавната анкета се спроведува во многу задоцнета фаза од носењето на ДУП, поточно се спроведува при изработување на конечниот предлог на ДУП. Во ваков случај не може да земат учество сите заинтересирани и засегнати граѓани бидејќи постои ризик да не бидат информирани во предвидениот рок од три работни денови пред започнување на јавната анкета со што би се нарушила транспарентноста и начелото на јавност во постапката“ – посочуваат ревизорите.
По направениот увид во документите, резвиорите посочувата низа на слабости, пропусти и косење со законски одредби во делот на отуѓување на грдежно земјиште по пат на јавно наддавање во име на општините кои ја имаат преземено надлежноста, во случајот на ревизијата тоа се Илинден, Битола и Петровец.
Ревизијата открива дека општина Битола во судска постапка за еднострано раскинување поради неисполнување на договорните обврски се 23 договори склучени во период од 2011 година и 2012 година.
„По основ на еднострано раскунување на договорите општина Битола треба да исплати вкупно 24,904,000 денари (405,000 евра) што има за ефект непланирани расходи во Буџетот на општината како и неисполнување на целите за кои било отуѓено градежното земјиште“ – наведува ревизорот.
Ревизијата открива и тужби кои призлегуваат од продажба на градежно земјиште во сопственост на РМ во тек на изборната кампања во 2006 година а тужбите ги поднел купувачот на земјиштето на кое било планирано да се градат 3 хотелски објекти. Но ова било оневозможено поради измена на ДУП.