Home / Uncategorized / Зоран Заев: За Божик да ги отвориме срцата

Зоран Заев: За Божик да ги отвориме срцата

Премиерот Зоран Заев, во честитката по повод Божик – Христово раѓање, потсетува дека овој празник повикува да го чествуваме не само заради историјата и обичаите, туку, како што вели, за да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање.

„Исполнети со таа радост, да си посакаме сите еден на друг од срцата да извадиме сѐ што е непотребно, сѐ што е пречка за личен мир, за спокоен дух, за да можеме истото да им го подадеме на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро“, стои во честитката на Заев.

Денешниот празник, додава тој, нека биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост на патот на новата надеж за подобро утре за секој човек, во секој дом.

„Таа надеж и желба за подобро утре да ја пренесеме и во нашиот заеднички дом, општеството, за да го изградиме како похумано и поправедно, со просперитетна иднина за сите“, пишува премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*