Три години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а три години и два месеци затвор за лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и шест месеци затвор, а членовите Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.
Ова е пресудата за случајот „Титаник 2“, односно за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, која денеска беше објавена во Кривичниот суд, од судијата Огнен Ставрев.
Како што дознаваме, Мијалков не сакал да присуствува на објавата на пресудата, но барањето за спровод ододвеќе судот до МВР веќе било испратено па не можело да се повлече.
На Мијалков, според кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 5 в.в. со став 4 од КЗ, му се закануваше затворска казна од 1 до 5 години затвор.
На Тачи и на останатите обвинети, членови на ДИК, им се закануваше казна затвор од најмалку пет години, бидејќи беа обвинети за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.